Skoči do osrednje vsebine

Повелба за основните права на ЕУ и Конвенција за правата на лицата со попреченост

Во членот 9 од Регулативата (ЕУ) 2021/1060 меѓу хоризонталните принципи кои треба да ги почитуваат земјите-членки при спроведувањето на Европските фондови, се наведува и:

Со цел да се обезбедат неопходните предуслови за успешна и ефикасна примена на поддршката на Унијата, доделена од фондовите, Регулативата (ЕУ) 2021/1060 во член 15 став 1 меѓу другото посочува и на својот Прилог III кој утврдува хоризонтални овозможувачки услови, кои се употребуваат за сите специфични цели како и критериуми, потребни за процена на нивното исполнување.

Во продолжение се фокусираме на условот „Фактичка употреба и имплементација на Повелбата за основните права“ и „Имплементација и примена на Конвенцијата на Обединети нации за правата на лицата со попреченост согласно Одлуката на Советот 2010/48/ЕЗ“.

Министерството за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности (во натамошниот текст: МДДСЗ) детално го определи исполнувањето на горенаведените услови и критериуми за двата овозможувачки услови во Описот на системот (линк), а на оваа страница овозможуваме исполнување на критериумите кои предвидуваат уредување на известувањето за потенцијални жалби во врска со Повелбата и Конвенцијата, предложени согласно уредбите врз основа на член 69, став 7 од Регулативата (ЕУ) 2021/1060.

Можност на жалба

Целта на имплементација на европската кохезиска политика, вклучително и специјалната мерка ЕСС+ за отстранување на материјалните недостатоци, е обезбедување на усогласеност на поддршката со човековите права и основните слободи, дефинирани во Повелбата на Европската Унија за основните права и Конвенцијата на Обединети нации за правата на лицата со попреченост.

За таа цел, во постапките, кои се однесуваат на трошење на средствата од Програмата ЕСС+ за отстранување на материјалните недостатоци во Словенија во периодот 2021-2027 година (во натамошниот текст: Програма) се во согласност со Одлуката на Советот 2010/48/ЕС и со член 69 став 7 од Регулативата (ЕУ) 2021/1060 обезбедена е можност за жалба до органот на управување поради непочитување на тие основни права и слободи.  Органот на управување со програмата е МДДСЗ.

Кој има право на жалба?

Право на жалба има секој, кој соработува во рамките на спроведување на програмата во Словенија и смета дека биле повредени основните права или слободи. Жалбата може да ја поднесат потенцијални и избрани корисници или крајни приматели, како и други кои имаат корист од спроведувањето на програмата или операциите во нејзината рамка, до органот на управување со Програмата, кој работи во рамките на МДДСЗ.

На кој начин ќе се разгледа жалбата?

Органот на управување жалбата ќе ја разгледа и во согласност со своите надлежности. Доколку наводна повреда е во надлежност на органот, ќе бидат проверени факти и докази за повредата со проверување на лице место односно со преглед на соодветни документи и предложување на соодветни корективни мерки.

Доколку наводната повреда не е во надлежност на органот за управување, истиот ќе се советува со другите министерства и институции, кои се занимаваат со заштита на човековите права и правата на лицата со попреченост во Словенија.

Органот на управување може да го упати подносителот на жалбата до друга соодветна институција, или по договор со подносителот на жалбата, да ја проследи и до други надлежни институции.

Органот на управување со Програмата

Штукљева цеста 44, 1000 Љубљана

Телефон: 01 369 77 00

E-пошта: gp.mddsz@gov.si

Сите жалби ќе бидат разгледани како доверливи и со почитување на заштита на личните податоци. Органот на управување ќе ги земе предвид анонимните пријави, но ќе ги разгледа само доколку располага со доволно информации кои го овозможуваат истото.

Доколку ви треба помош за поднесување на жалбата или би сакале за истото да се советувате, може да не контактирате.

Дали постојат и други начини на заштита?

Можноста за употреба на жалбата до органот за управување не ја исклучува можноста за употреба на другите редовни правни лекови, кои се предвидени во Словенија, ниту пак ја исклучува можноста жалбите да се упатуваат до Европската комисија.

Во Словенија, заштитата на правата (на пример пореди дискриминација или поради повреда на правилата за пристапност) е загарантирана со управните постапки (на пример поединечни инспекции, жалби против управни акти), како и со судските постапки. Право на поднесување на барање за судска заштита имаат оние, чии права се прекршени или чија правна положба е директно засегната. И во случај на употреба на овие лекови органот за управување препорачува, да биде информиран за постапките на употреба на тие правни лекови. Ова е корисно за обезбедување на целосен преглед врз имплементацијата на европската кохезиска политика и за препречување на можни прекршувања.

Известување на годишните состаноци за преглед

Органот на управување е должен да известува за евентуалните неусогласености на операциите, кои ја подржуваат програмата, со Повелбата за основните права и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, согласно со Одлуката на Советот 2010/48/ЕС и за жалбите, кои биле предложени согласно со постапката одредена во член 69 став 7 од Регулативата (ЕУ) 2021/1060 на годишните состаноци за преглед со Европската комисија. Извештајот не ги вклучува личните податоци, туку само природата на прекршување и прифатените корективни мерки. Органот на управување може да известува само за жалбите, за кои бил известен.

Информациите за контакт на органот на управување и другите институции од областа на заштита на човековите права и правата на лицата со попреченост во Словенија

Министерство за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности

Штукљева цеста 44, 1000 Љубљана

Телефон: 01 369 77 00

E-пошта: gp.mddsz@gov.si

Министерство за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности - Директорат за лицата со попреченост

Штукљева цеста 44, 1000 Љубљана

Телефон: 01 369 75 38

E-пошта: gp.mddsz@gov.si

Министерство за правда

Жупанчичева улица 3, 1000 Љубљана

Телефон: 01 369 53 42

E-пошта: gp.mp@gov.si

Министерство за надворешни и европски работи

Директорат за мултилатерална соработка

Сектор за човековите права

Прешернова цеста 25, 1000 Љубљана

Телефон: 01 478 20 37

E-пошта: gp.mzez@gov.si

Министерство за култура

Служба за културни разновидности и човекови права

Маистрова улица 10

1000 Љубљана

Телефон: 01 369 59 00

E-пошта: gp.mk@gov.si

Народен правобранител на РС

Дунајска 56, 1000 Љубљана

Телефон: 01 475 00 50

E-пошта: info@varuh-rs.si

Поднесување на пријавите на https://www.varuh-rs.si/kaj-delamo/iscete-pomoc/kdaj-se-obrniti-na-varuha/

Застапник на принципот на еднаквост

Железна цеста 16, 1000 Љубљана

Телефон: 01 4735 531

E-пошта: gp@zagovornik-rs.si

Поднесување на пријавите на https://zagovornik.si/o-diskriminaciji/predlog-za-obravnavo-diskriminacije/

Овластено лице за информации

 Дунајска цеста 22, 1000 Љубљана

Телефон: 01 230 97 30

E-пошта: gp.ip@ip-rs.si  

Поднесување на пријавите на https://www.ip-rs.si/varstvo-osebnih-podatkov/pravice-posameznika/vlo%C5%BEitev-prijave

Прекршувањата можат да се пријават и на надлежните инспекторати. Некои најчести се наведени во продолжение, а сите се наведени на следниот линк https://e-uprava.gov.si/podrocja/drzava-druzba/inspekcijski-postopki.html.

Пријава на прекршување до Инспекторатот РС за труд (на пример поради прекршување на правата при вработување и работа, прекршување на забрана дискриминација).

Пријава на прекршување до Пазарен инспекторат (на пример поради дискриминација во понуда на добри услуги или станови или прекршување на правилата за пристапноста).

Пријава на прекршувања до Инспекторатот за инфраструктура (за прекршување на одредбите од член 16 од Законот за изедначување на можностите на лица со попреченост во врска со достапноста на јавните автобуски превози).

Пријава на прекршување на Поморска инспекција (за прекршување на одредбите од член 16 од Законот за изедначување на можностите на лица со попреченост во врска со достапноста на бродски превози.)

Уставен суд односно други судови

Пред евентуално поднесување на барање за судска заштита е препорачано да се консултирате со адвокат или друго правно лице.

Со заштита на човековите права се занимаваат и невладини организации.